еМагазин
Image default
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ прашува како прислушуваните материјали стигнале кај градоначалникот на Демир Хисар

Шерифлукот на СДСМ е многу посериозен од обична расправија, како што тврди МВР кое што се обидува да го релативизира случајот со градоначалникот на Општина Демир Хисар, Марјанче Стојановски, изјави на прес-конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.

Арсовски прашува „како стасале материјалите од нелегалното прислушкување до лик како што е Марјанче Стојановски од Демир Хисар?“

– Дали за овие материјали за кои градоначалникот на Демир Хисар зборува знаaт органите на прогонот? На крајот на краиштата дали некојси Марјанче Стојановски е дел од една партиска структура на СДСМ која вршела прислушкување на граѓаните и истите материјали ги злоупотребувала во изборни цели, уцени на граѓаните и притисоци на администрацијата во пресрет на политичките случувања како што е претстојниот референдум, а можеби тоа било дел од стратегијата да стане градоначалник? – изјави Арсовски на прес-конференција.

Тој додаде дека се очекува „овој скандал да биде разјаснет во целост, а не да заврши со информативен разговор во полиција, онаму каде што работел Стојановски и од каде имал пристап да ги прислушкува сите граѓани, а сега веќе и да им се заканува.“

– Обвинителството треба да излезе со сериозно кривично дело, а не со минорни обвинувања. Оставката на градоначалникот Стојановски е нешто што јавноста најмалку го очекува во моментов – додаде Арсовски.

СДСМ: Незаконското прислушување заврши со заминувањето на ВМРО-ДПМНЕ во опозиција

На прес конференцијата регираа од СДСМ:

„Масовното прислушување на граѓаните беше одлика на ВМРО-ДПМНЕ и тоа време е завршено со нивното заминување во опозиција.

Нема повеќе незаконско прислушување на граѓаните и кршење на нивните права,  човековите права и слободи се гарантирани и почитувани, а надлежните институции постапуваат во служба на законите.

Надлежните институции експресно реагираа, се истражува случајот со градоначалникот на Демир Хисар низ соодветна законска постапка. Истрагата ќе ги даде сите одговори, вклучително и прашањето за евентуална одговорност.

Времето на неказнивост, протекционизам и селективна правда заврши со заминување од власт на ВМРО-ДПМНЕ.

Денес Македонија е правна држава во која никој не e над законите и тие важат за сите подеднакво. Секој кој постапува незаконски одговара за своите постапки без разлика на неговата етничка, верска, политичка или каква било припадност“, велат од СДСМ.

Фото: ВМРО-ДПМНЕ

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Снимката на која градоначалникот на Демир Хисар, Марјанче Стојановски им се заканува на вработени е од јануари

Приведен градоначалникот на Демир Хисар

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Судењето за „Шпански скали” продолжи со изведување докази од Обвинителството

Редакција

Продолжи судењето за „Друмарина“: Бонева со 7.000 докази против обвинувањето за високите патни трошоци

Редакција

Судење за „Тврдина 2“: Црни вреќи со хартија и регистри од третата зграда во МВР запалени на „Брест“

Редакција