еМагазин
Image default
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ го поднесе предлог-законот за амнестија и побара СДСМ да остане на ветеното

Игор Дурловски, Владо Јовановски, Богдан Илиевски и Борис Дамовски не се терористи, рече денеска на прес-конференција пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Данев.

„Не се терористи ниту вработените во Министерството за внатрешни работи, ниту останатите лица прогонувани врз основа на случувањата од 27-ми април. Тоа го знаеме ние, тоа го знаете и вие колеги од власта, а тоа го знае и целата македонска јавност. Затоа почитувани од СДСМ, бидете искрени и застанете еднаш зад она што го говорите, а кое е подадена рака и од нас за помирување.

Затоа ВМРО-ДПМНЕ денеска го поднесе предлог законот за амнестија на лица осомничени, обвинети или осудени за собраниските настани од 27-ми април! Предлог законот е поднесен по скратена постапка и очекуваме пратениците од власта конструктивно да учествуваат во дебатата и да покажат дека не станува збор за лажно ветување за правда и национално помирување кое самите ќе го демантираат неколку дена откако беше споменато“, рече Данев.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Што предвидува предлог-законот за амнестија кој ВМРО-ДПМНЕ го поднесе по скратена постапка

СДСМ: Точно знаеме што се крие зад предлог-законот за амнестија

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Убава вест: Нема починати од Ковид-19 во изминатото деноноќие

Редакција

(Фото) Царовска на „Фејсбук“ ги објави распоредите на часови за наставата на МРТ

Редакција

МНР со осуда за кфалификациите за македонскиот народ во Декларицијата на Советот на Благоевград

Редакција