Додека народот нема таблети и вакцини за Ковид19, Зоран Заев секој месец го плаќал синот на Самка Ибраимоски и секретарката на Драги Рашковски, рече на прес-конференција пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Дарко Костовски, по објавувањето на листата на хонорарци, ангажирани од Владата.
„Со народни пари, како хонорарци чии имиња беа криени од јавноста до вчера, е плаќан и Демир Ибраимоски, син на Самка Ибраимоски, коалиционен партнер на Заев и заменик директор на „Македонија пат“.
И додека Самка ги лаже Ромите со покачена социјална помош, неговиот син земал 40.000 денари месечно како хонорарец. 53.000 денари хонорар од Заев добил и професорот Ванчо Узунов, кој беше и потпретседател на СДСМ.
На листата хонорарци се најде и името на Ивана Митрова, секретарка на Драги Рашковски, која земала 38.000 денари.
Независен колумнист, и владин хонорарец во исто време, тоа е Петрит Сарачини, кој месечно од Владата бил плаќан 42.000 денари. Истиот тој се продава како независен и непристрасен.
Марко Михаилоски, претседател на СДММ е уште еден од хонорарците чии имиња до вчера не беа објавени. Дали Михаилоски земал државна плата, а работел партиски задачи? Или партијата и државата тоа е исто за Заев и неговите?,“ рече Костовски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Владата објави список со актуелните „тајни хонорарци„