Во текот на месец јануари, пријавени се три случаи на ХИВ/СИДА, стои во билтенот за движењето на акутни заразни заболувања во Македонија на Институтот за јавно здравје..
-Две од пријавените лица се од машки, а едно лице е од женски пол.
Според местото на живеење, регистрирано е по едно лице од Кавадарци, Струмица и Велес.
Лицата се на возраст од 30-34 години. Две лица се хетеросексуалци, а 1 лице припаѓа на МСМ групата.
Во текот на месец јануари не се регистрирани смртни случаи од ХИВ/СИДА.
Согласно постоечката евиденција на пријавени случаи (заклучно со 31.01.2023 година), кумулативниот број на лица регистрирани со ХИВ/СИДА во Македонија за периодот 1987–2023 година, изнесува 589, и тоа: 123 лица починале, а 466 лица живеат со ХИВ/СИДА, пишува во билтенот.