еМагазин
Image default
Бизнис

Во април намален бројот на одобренија за градба

Во април годинава се издадени 330 одобренија за градење, што е за 2,1 процент помалку во однос на април лани, објави Државниот завод за статистика.

Најмногу одобренија за градење се издадени во Југоисточниот регион – 75, по што следуваат Источниот сo 71, Полошкиот 69, Скопскиот 41,…

Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 6.841.858.000 денари, што е за 25 проценти повеќе во однос на април претходната година.

Од вкупниот број издадени одобренија за градење, 145 (43,9 проценти) се наменети за објекти од високоградба, 119 (36,1 процент) од нискоградба и 66 (20 проценти) за објекти за реконструкција.

На 161 од објектите (48,8 проценти), како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 169 (51,2 проценти) објекти инвеститори се деловни субјекти.

Во извештајниот период е предвидена изградба на 393 станови, со вкупна корисна површина од 37.887 метри квадратни.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нова хаварија во РЕК Битола: Блок 1 е исклучен заради скината цевка, се очекува брза санација

Редакција

ЗК Пелагонија со добивка во првото полугодие

Редакција

„Нискоградба Битола“ го доби тендерот за изработка на колектор за фекално отпадни води за Бегова чешма вреден 233.000 евра

Редакција