Делчево, Берово, Пехчево и Македонска Каменица се четирите градови од крајниот Исток каде денес е регистриран пораст на активните случаи на Ковид-19, со што вкупната бројка на заболени во Пијанечко-малешевскиот регион сега изнесува 85 активни случаи.
Во однос на новите случаи денес предничи Берово со пет нови заразени, пред Делчево и Македонска Каменица каде има по три нови случаи, додека најмала е бројката на заболени е во Пехчево каде има два нови случаи.
Од делчевскиот здравствен дом информираа дека два од денешните случаи се асимптоматски, додека едно лице е упатено на болничко лекување.
-Ова значи дека имаме зголемување на бројот на хоспитализирани пациенти за неполн месец од кои за среќа повеќето се во добра состојба. Во однос на асимптопатските случаи повторно имаме релативно млади лица, што значи дека продолжува трендот вирусот да се јавува кај помлади пациенти, истакнаа од Здравствен дом.
Додадоа дека тестирањата на контактите со заразените од претходните денови продолжуваат, поради што се очекуваат резултати во деновите кои следат.
Во однос на заболените во Берово според информациите на здравствените надлежни, три од новите случаи се од семеен кластер, додека меѓу заболените има и помлади лица.
Оттаму апелираа на почитување на мерките за заштита од вирусот, особено за време на претстојните празнувања во градот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Во Кичево три нови случаи на Ковид-19
Седум нови случаи со Ковид-19 во Куманово, два во Липково
Нови 119 случаи на Ковид-19 од 2.065 тестирања, половината од Скопје
МИА