Комуникативен, способен за работа под стрес, работа во група, со солидни менаџмент способности…, тоа се дел од другите способности, кои стојат во биографијата испратена до Собранието за старо новиот министер Садула Дураки.
Тој си заминува од министерската позиција во Министерството за животна средина и просторно планирање, на нова министерска позиција во новото Министерство за политички систем и односи меѓу заедниците.
Не се „бави“ со граѓаните
Во биографијата на Дураки заборавиле да стават дека додека беше министер за животна средина се „прослави“ со изјавата дека тој не се „бави“ со граѓаните, иако ние му даваме министерска плата од 72.621 денари.
Тој се извини за изјавата, погрешно бил сфатен, ама не ни се извини дека ништо не направи за да не се гушиме од загадениот воздух.
Во неговата биографија заборавиле да стават и дека на јавноста и е познат и под прекарот „Командант Вентили“.
Имено, за време на воениот конфликт во 2001 година Кумановци два месеци останаа без вода поради тоа што припадници на УЧК го стопираа дотекот на вода.
Случајот во јавноста е познат како „Липковска брана“, а Дураки беше посочен од медиумите како еден од виновниците што жителите на Куманово останаа без вода.
Поранешен градоначалник, министер, пратеник…
Дураку може да се пофали со импозантна кариера. По трет пат ќе биде министер.
Бил заменик директор на Царинска Управа, (2002 година), министер за земјоделие, шумарство и економија, (2004 година), пратеник во Собрание (2006 година), директор на Агенција за развој и инвестиции, (2008 година), градоначалник на Општина Липково, (2009 година), градоначалник на Општина Липково, (2013 година), министер за животна средина и просторно планирање (2017 година).
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
„Метла ли е, центрифуга ли е?“: Твитер реакции за новите министри и реконструкцијата на Владата
Фото: Фејсбук/Дураки/видео: ТВ Сител