Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кавадарци поднесе кривична пријава против О.А.(59) и З.Д.(65), двајцата од Кавадарци, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“, информира МВР.
Во текот на февруари 2016 година во Кавадарци, првопријавениот како вршител на должност директорво Општа болница Кавадарци, а второпријавениот како раководител на заедничките служби во болницата, за двајца вработени потпишале решенија за прераспоредување на работни места со повисока плата, иако работните места не биле утврдени во постојниот правилник за систематизација на работните места во болницата, а исто така, за една вработена било донесено решение за надомест за плата, за што истата не ги исполнувала предвидените условите.
На овој начин пријавените овозможиле лицата да се стекнат со материјална корист од 322.962 денарина штета на Буџетот на ЈЗУ Општа Болница Кавадарци.