Седумгодишно девојче Кјара, државјанка на Русија исчезна во околината на Котор, а во тек е потрага по неа во реонот на населбата Кавач, пишува Вијести.ме
Во потрага по девојчето се вклучиле пожарникари и од околните градови, граѓани, доброволци, а потрагата трае од синоќа.
За сега нема ни трага ни глас од нејзе и кучето кое било со неа.
Девојчето не се вратило дома, за разлика од нејзините двајца другари, локалци со кои си играла.
Родителите најпрво сами се обиделе да ја најдат, а потоа повикале полиција и пожарникари.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.