еМагазин
Image default
Македонија

Во Дебар двајца новозаразени со Ковид-19, активни на болеста 67

Во последното деноноќие во Дебар се регистрирани две новозаразени лица со Ковид-19, со што вкупната бројка од почетокот на пандемијата до сега изнесува 120.

Битката со вирусот ја добиле 48, починаа петмина, додека активни на болеста се 67, од кои десеттина хоспитализирани во здравствените установи во Скопје.

Од повторната појава на болеста, на петти јуни, се заразени 69 лица, од кои едно е излекувано, додека едно лице на 52-годишна возраст почина вчера во клиниката „Жан Митрев“. Останатите 67 се уште се активни на болеста.

Во изолација и самоизолација се шеесеттина граѓани.

Според надлежните, не се добиени резултати од повеќе земени брисеви. Оправдано се очекува, согласно симптомите што ги имале лицата, бројката на заразени да расте. Причина за тоа, повторуваат, е непочитувањето на мерките и протоколите, како од граѓаните, така и од деловните субјекти.

Полициската статистика, пак, покажува дека поради неносење заштитна маска, во последното деноноќие парични платни налози се издадени на деветтмина дебрани.

МИА/Фото: Општина Дебар

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Шест нови случаи на Ковид-19 во Кичево

Осум новозаболени од Ковид-19 во Куманово, сите од познати кластери

Детален преглед на активни случаи на корона вирусот по скопските општини

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Европа не чекала, рече во Собрание Фон дер Лајен, која убедува дека македонскиот јазик и идентитет не се загрозени

Редакција

Владата „лабава“ за своите: Можат ли функционерите повторно да го „увезат“ корона вирусот?

Редакција

Продолжува судењето за убиството на младиот Саздовски

Редакција