еМагазин
Image default
Бизнис

Во декември намалено индустриското производство

Индустриското производство лани во декември е намалено за 4,9 отсто во споредба со истиот месец од 2020 година, а во привите 12 месеци од 2021 година е повисоко за 1,4 отсто во споредба со истиот период од претходната година.

Индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во декември 2021 година, во однос на декември 2020 година, бележи пораст од 2,5  тсто, во секторот Преработувачка индустрија има опаѓање од 9,1 отсто, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација пораст од 20,5 отсто.

Според податоците на Државниот завод за статистика, намалувањето во секторот Преработувачка индустрија е резултат, пред сѐ, на намаленото производство во одделите Производство на пијалаци, Производство на текстил, Производство на облека, Производство на основни фармацевтски производи и фармацевтски препарати, Производство на метали, Производство на фабрикувани метални производи, освен машини и опрема, Производство на машини и уреди, неспоменати на друго место и Производство на моторни возила, приколки и полуприколки.

Според главните индустриски групи, производството во декември 2021 година, во однос на декември 2020 година, бележи пораст кај Енергија за 18 отсто и Трајни производи за широка потрошувачка за 23,4  отсто, додека опаѓање има кај Интермедијарни производи, освен енергија за 5,8 отсто, Капитални производи за 20,5 и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 4,3 отсто.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

УЈП ќе добива податоци од банките за граѓаните за пополнување на годишната даночна пријава

Редакција

Странските работници доаѓаат во Македонија за да „исчезнат“, за неколку дена им се губи трагата на 13 работници од Непал

Редакција

Колкави плати лани во Македонски телеком имале Зоран Китанов, Садула Дураки, Нина Ангеловска…

Редакција