еМагазин
Image default
Македонија

Во ДКСК отворен тренинг центар за јакнење на свеста и знаењето во борбата против корупцијата

Во Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) е отворен тренинг центар поддржан од Проектот за граѓанско учество на УСАИД.

Потребата за реализација на надлежноста на ДКСК за преземање активности за едукација на органите надлежни за откривање и гонење на корупција и други видови криминал, како што се наведува во соопштението од ДКСК, беше препознаена од Агенција за меѓународен развој на САД (УСАИД), во рамки на Проектот за граѓанско учество, која обезбеди поддршка за воспоставување на Тренинг центар во рамките на ДКСК.

Тренинг центарот ќе обезбеди јакнење на свеста и знаењето во борбата против корупцијата за вработените од институциите на централната и локалната власт, вклучително и пошироката јавност.

Преку поддршката, за непречено функционирање на овој Тренинг центар е развиена наставна програма за обуки за борбата против корупцијата, судир на интереси и интегритетот, како и програма за обуки за обучувачи за тимот на ДКСК, што ќе обезбеди одржливост во работењето на центарот.

Дополнително, во моментот се работи на развивање на софтверска алатка преку која ќе се олесни пристапот кон едукативни содржини, се наведува во соопштението.

-Корупцијата е општествено зло за кое границите помеѓу државите не постојат и многу брзо се шири низ светот онаму каде што ќе најде поволно тло.

Затоа, неопходна е заедничка борба и меѓусебна поддршка, а едукативниот процес е погодна алатка од превентивен карактер, која во рамките на ДКСК може амбициозно да се развива.

Борбата против корупцијата почнува со подигнување на свеста и носење на индивидуална одлука за преземање на акција, истакна Билјана Ивановска, претседател на ДКСК.

На настанот се обрати и Дон Кармин, директорка на Канцеларијата за општ развој на УСАИД.

-Како што Македонија се приближува до целта на членство во ЕУ, знаеме дека значаен напредок може да се постигне само со посветени и проактивни институции и граѓани, кои работат на заштита на демократијата.

Комисијата е незаменлива во овој напор како и за унапредување на сложените реформи кои земјата треба да ги спроведе за цврсто вкоренување на евроатлантската иднина, рече Кармин.

Постоењето на тренинг центар во рамките на ДКСК е потребно од повеќе аспекти – за поттикнување на градење капацитети за борба против корупцијата, за едукација за подобро разбирање на корупцијата, како и нејзините облици, ефекти и начини за борба против неа.

Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МВР уште во 2012 поднела кривична за тогашниот директор на Онкологија, Обвинителството не презело ништо, изјави Спасовски

Редакција

Уапсено лице кое му помогнало на Палевски да избега од Србија во Турција

Редакција

Бугарскиот амбасадор Ангелов: Бугарија не може да ги промени своите позиции за преговарачката рамка

Редакција