Адвокатите на американскиот претседател Џозеф Бајден пронајдоа нови доверливи документи, откако пред неколку дена признаа дека минатата есен во неговата приватна канцеларија биле откриени десетина доверливи документи, јави Си-Ен-Ен.
Еден од изворите изјави за Си-Ен-Ен дека претресот довел до откривање на дополнителни документи од интерес за истражителите кои работат на случајот. Се уште не е познато кога и каде адвокатите на Бајден ги пронашле дополнителните документи.
Првичното откривање на доверливи документи во поранешната канцеларија на Бајден поттикна потрага на други локации каде што можеби биле оставени документи од неговото време како потпретседател.
Конгресната комисија вчера најави дека ќе испита зошто документите означени како доверливи се пронајдени во поранешната приватна канцеларија на претседателот Џозеф Бајден во невладина организација во Вашингтон.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Истрага за Бајден и неговото семејство
МИА/Фото: Бајден/Фејсбук