Во февруари годинава во земјава се регистрирани 40.973 туристи, од кои 40.2% се домашни, а 59.8% се странски туристи, соопшти Државниот завод за статистика.
Бројот на ноќевањата во февруари изнесувал 82.942, од кои 42.7% се од домашните туристи, а 57.3% од странските.
Во првите два месеца од годинава во однос на истиот период лани, бројот на туристите е зголемен за 12.5%. Кај домашните туристи има намалување за 6.2%, а кај странските е евидентирано зголемување за 31.2%.
Во периодот јануари – февруари 2023 година, во однос на истиот период од 2022, бројот на ноќевањата е зголемен за 4.8%. Кај домашните туристи има намалување за 5.5%, а кај странските зголемување за 15.8%.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.