еМагазин
Image default
Македонија

Во функција тестовите за брза дијагностика на Ковид-19 за родилки и пациенти пред интервенција

Министерството за здравство информира дека тестови за брза дијагностика на присуство на вирусот Sars-Cov-2 се распределени и истите почнуваат да се користат во лабораторијата на Институтот за јавно здравје, на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби и на Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство во Скопје.

„Овие тестови иако се ПЦР метода, не се истите кои се користат во лабораториите за рутинско тестирање од ковид. Наменети се за брза детекција на вирусот кај пациенти кои се суспектни на ковид, а на кои им е потребна одредена интервенција.

Тестовите за брза дијагностика овозможуваат веднаш после тријажата и добивањето на резултатот за само 40-тина минути да се пристапи кон соодветната интервенција кај пациентот.

Брзите тестови веќе се употребуваат на Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје, со што значително се олеснува работата на медицинскиот кадар.

Со брз ПЦР тест на ГАК ќе се тестираат родилките и на овој начин, веднаш ќе се знае дали родилката треба да биде пренесена на одделението за изолација. Клиниката за гинекологија и акушерство веќе ја поседува и потребната опрема за обработка на материјалите, истата која се користи за детекција на ХПВ вирусот,“ информираат од Министерство за здравство.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Полицијата завршила со внукот на Ахмети, Обвинителството ќе оцени како ќе постапува, вели Спасовски

Редакција

Убава вест: Оздравени 104 заразени од Ковид-19, најмногу во Скопје и Куманово

Редакција

Собранието ја почнува расправата за одземање на пратеничкиот имунитет на Љупчо Димовски

Редакција