Во Појасот Газа по неколку дневните напади на Израел, кои се уште траат, најмалку 45 фамилии останаа без ниту еден член, соопшти палестинското Министерство за здравство.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Газа пред и после нападите од Израел
Досега, според податоци од вчера, во Газа се убиени повеќе од 2.450 лица, од кои над 700 се деца.
Околу еден милион лица од Газа се раселени во првите седум дена од војната меѓу Израел и Хамас, а оваа бројка ќе расте.
Израел ги повика жителите на северот на опколената палестинска територија, околу 1,1 милион од вкупното население од 2,4 милиони, да се префрлат на југ од енклавата, наведувајќи дека ќе извршува напади врз северниот дел на градот Газа за да ги уништи оперативните центри на Хамас.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Како од Палестина остана само Газа и Западен Брег, што е причината за војната помеѓу Хамас и Израел
(Видео) Стотици камиони со хуманитрана помош чекаат Израел да ги пушти во Газа
Фото: Израелско МО