еМагазин
Image default
Балкан ТОП СТОРИИ

Во Грција од денеска без носење на маски на отворенo: Останува препораката да се носат кога има метеж

Во Грција од денеска се укинува мерката за задолжително носење маски на отворено, но останува препораката таа да се носи на места каде што има метеж.

Носењето на маска останува во затворен простор.

Според најавите на заменик-министерот за цивилна заштита, Никос Хардаљас од понеделник (28 јуни) се укинува и полицискиот час, а на масите во угостителски објекти ќе биде дозволено да седат до 10 лица.

Здравствените власти оценуваат дека епидемиолошката состојба во Грција е добра, но нема простор за задоволство, бидејќи се додека вирусот е присутен има можност за нови мутации.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Бугарите со се повисоки „ниски удари“: Македонски јазик не постоел до втори август 1944 година

Редакција

Службите на скопскиот аеродром постапиле професионално во случајот со косовската претседателка, утврди инспекцијата

Редакција

Македонија доби нов извор на течен природен гас: Терминалот „Александрополис“ на Гастрејд започна со работа

Редакција