еМагазин
Image default
Балкан ТОП СТОРИИ

Во Грција регистрирани 1.633 несакани дејства и 63 смртни случаи како можна последица од вакцините против Ковид-19

Од спроведени над 4,4 милиони вакцинации против Ковид-19 во Грција во 2022 година, регистрирани се 1.633 сомнителни несакани дејства и 63 смртни случаи кои можеби се поврзани со вакцината, според официјалните податоци од грчката Национална организација за лекови, јави дописничката на МИА од Атина.

Од 63-те пријави за смртни случаи како можна последица од вакцините, 49 биле вакцинирани со Фајзер, шест со Модерна, пет со Џонсон и Џонсон и три со АстраЗенека, меѓутоа, само два случаи биле оценети дека имаат можна поврзаност со вакцинацијата.

За 35 од случаите сѐ уште се чекаат дополнителни податоци за да се донесе заклучок, за 14 случаи имало недоволни податоци, а 12 пријавени смртни случаи биле оценети дека можно е да не се поврзани со вакцинацијата.

Од пријавените 1.633 сомнителни несакани дејства, 1.344 биле оценети како сериозни, а шест од десет биле кај жени.

Националната организација за лекови на Грција во годишниот извештај пишува дека објавените податоци за наводите за сомнителни (наводни) несакани дејства се медицински случаи кои спонтано биле пријавени или од граѓанин или од здравствен работник по примената на вакцината и не се нужно поврзани со вакцината или предизвикани од вакцината.

Во 2022 година во Грција биле аплицирани вкупно 4.456.117 дози од вакцините.

МИА/Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Патријархот Вартоломеј на архиепископот Стефан му го предаде Патријаршискиот акт за примање на ОА во богослужбено и канонско единство

Редакција

На Токсикологија во Скопје синоќа примени 22 пациенти во алкохолизирана состојба, во Ургентниот центар извршени 80 прегледи

Редакција

Ќе се укине ли амнестијата за хашките предмети?

Редакција