еМагазин
Image default
Македонија

Во Инфективното одделение во Дебар починаа две пациентки од Ковид-19

На Инфективното одделение при Општата болница со проширена дејност во Дебар, каде се третираат болни од Ковид-19, починаа две пациентки.

– И покрај сите напори на здравствениот персонал починаа две пациентки, едната нешто по полноќ, а другата утрово. Станува збор за пациентка од Дебар и пациентка од Ростуше, подрачјето на Долна Река и двете со коморбидитети.

Вчера за среќа битката со опасниот вирус ја добија тројца пациенти. Моментно хоспиталзирани се 12 пациенти, сите на кислородна подршка, изјави за МИА, Баки Халили, директор на болницата.

Тој истакна дека денеска десет пациенти се третирани амбулантски, што, како што рече, подразбира добивање потребна терапија, кусо време одмараат и заминуваат во своите домови. Нагласи дека овој број варира на дневно ниво.

Од крајот на февруари, кога беа регистрирани првите два случаи, сопружници од село Баланци, Општина Центар Жупа, по нивното враќање од Италија, на подрачјето на оваа и Општина Дебар, со опасниот вирус, според вчерашните официјални податоци се заразиле 467 лица.

Со денеска починатата жена од Дебар, бројот на оние кои ја изгубиле битката е 23. Во здравствени установи во Скопје се хоспитализирани три, додека во домашна изолација се 87 лица.

Општина Маврово и Ростуше, а со тоа и подрачјето на Долна Река е под надлежност на Центарот за јавно здравје од Гостивар.

МИА/Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Левица поднесе кривична пријава против Талат Џафери за злоупотреба на службената положба и овластување

Редакција

Во нашава земја само успехот не се простува, вели разрешениот директор на Кардиохирургија, Јовев

Редакција

Бејли: Пратениците од сите партии покажаа храброст и лидерство

Редакција