еМагазин
Image default
Македонија

Во Косово уапсени четворица македонски и двајца косовски државјани за трговија со дрога

Косовската полиција синоќа соопшти дека по неколкудневни истражни дејствија, припадници на единицата за сузбивање на трговијата со наркотици уапсиле шест лица, од кои четворица македонски и двајца косовски државјани, јави дописникот на МИА од Приштина.

При претрес на една локација во селото Широка во општина Сува Река, полицијата открила и запленила 32 килограми марихуана, 2.059 стебла од тоа наркотично растение засадени во саксии, како и наркотици кои биле подготвени за продажба.

Според полициското соопштение, истрагата која резултира со синоќешните апсења започнала на 4 февруари годинава и била насочена кон три сомнителни лица.

– Лабораторијата во која се откриени наркотиците ја поседува сета потребна опрема за одгледување на канабис, како посебно осветлување, систем за наводнување, систем за вентилација, ваги, кеси и значително количество земја спакувано во вреќи.

Во акцијата се конфискувани три автомобили од марките БМВ, Форд и Опел Зафира, шест мобилни телефони, готови пари во износ од 2.185,29 евра и 313 македонски денари, едно ДВР и еден лап-топ, соопшти косовската полиција.

Државјните на Северна Македонија и на Косово кои се уапсени во акцијата се товарат за кривичните дела „одгледување билки на хашиш, кокаин, или канабис“ и „купување, поседување, и неовластена дистрибуција и продажба на наркотици и психотропни и аналогни супстанци“.

Истрагата за случајот продолжува, а надлежен обвинител на уапсените им оредил притвор во траење од 48 часа.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Чие е опожареното возило кое го користел Артан Груби

Редакција

Новиот Клинички центар ќе биде во скопски Ѓорче Петров

Редакција

Вкупно 3.473: Од Ковид-19 починаа 25 лица

Редакција