еМагазин
Image default
Балкан ТОП СТОРИИ

Во Косово уапсени владини функционери и бизнисмен поради злоупотреби со државните резерви

Двајца раководители од Министерството за индустрија, претприемништво и трговија на Косово (МИПТ) и еден бизнисмен се уапсени вчера поради сомневања за малверзации при набавка на стоки за државните резерви, јави дописникот на МИА од Приштина.

Во полициската акција која се изведе во МИПТ и во стан и локал во Приштина, приведени се директорот на Управата за стокови државни резерви, Хафиз Гара и директорот на Одделот за европски интеграции и координација на политиките при Министерството, Ирфан Липовица, како и бизнисменот Ридван Мухареми, за кого дел од медиумите наведуваат дека е близок до премиерот Албин Курти и вицепремиерот задолжен за евроинтеграции, Бесник Бислими.

Специјалното обвинителство на Република Косово соопшти дека на тројцата приведени им е одреден 48-часовен притвор и дека истите се сомничат за кривичните дела „Злоупотреба на службената должност“ и „Пружање помош во извршувањето на кривичното дело Злоупотреба на службената должност“.

При претресите во кацелариите на МИПТ и во станот и локалот на Мухареми, конфискувани се компјутери и документи кои ќе се користат во натамошната процедура.

Полициската акција е изведена откако на крајот на минатиот месец порталот „Национале“ објави аудио-снимки од телефонските разговори во кои сега приведените фуннкционери на МИПТ велат дека масло за јадење и пченица од Полска, кои веќе биле платени, не се доставени во државните резерви.

Во објавените разговори се инволвира и ресорната министерка, Розета Хајдари, која по објавувањето во „Национале“ соопшти дека поднела кривична пријава за клевета против сопственикот на порталот, новинарот Берат Бужаља.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Советник од партијата на Курти уапсен во Тирана за шверц на дрога

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Агенцијата „Контакт бизнис“ го доби тендерот на Катастарот за привремени вработувања „тежок“ 130.000 евра

Редакција

Утре двочасоен протест на вработените во Пошта

Редакција

(Фото) Хамас уби и 24-годишен Србин

Редакција