еМагазин
Image default
Македонија

Во ковид центрите во Скопје за 24 часа има тројца хоспитализирани пациенти, а вкупно се лекуваaт 51

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје има тројца хоспитализирани нови пациенти поради компликации од коронавирусот, информираат од Министерство за здравство.

Вкупно 51 лице сомнително и потврдено за Ковид-19 се лекува на инфективните одделенија во главниот град.

„Во последното деноноќие, на Институтот за ТБЦ немало приеми.

Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември исто така немало примени пациенти, и 3 нови заболени се хоспитализирани на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во текот на вчерашниот ден.

Во изминатите 24 часа дома се пуштени 7 оздравени пациенти.

Во  ковид центарот на Институтот за ТБЦ се лекуваат 7 пациенти.

Во ГОБ 8 Септември има вкупно 16 болни, а на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби лежат 28 пациенти,“ се вели во соопштението.

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ВМРО-ДПМНЕ доставила 65 амандмани за законот за СЈО

Редакција

213 нови случаи на Ковид-19 од 741 тестирања, најмногу во Скопје 103

Редакција

СОНК: Заврши денешната рунда преговори со МОН, ќе продолжат в петок

Редакција