Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализрани 19 нови пациенти поради компликации од коронавирусот, информираат од Министерство за здравство.
Вкупно 374 лица сомнителни и потврдени за Ковид- 19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.
„Во последното деноноќие, на интерните клиники имало приеми и тоа по еден пациент бил хоспитализиран на Клиниката за Очни болести, на Клиниката за Кожни болести и на Клиниката за Неврологија.
Двајца болни се примени на ТБЦ и уште двајца на Клиниката за Нефролигија.
Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало 6 нови приеми на пациенти, исти толку и на Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден.
Во изминатите 24 часа дома се пуштени 8 оздравени пациенти.
Во моментов на Кожната клиника во ковид центарот се лекуваат 17 пациенти, на Клиниката за неврологија 19 болни, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 24 пациенти со симтоми на корона вирусот, во ковид центарот на Клиниката за нефрологија во моментов се сместени 16 пациенти, на Клиниката за очни болести 8 пациенти, а на ОРЛ 7 болни.
На Клиниката за Гастроентерохепатологија лежат 17 пациенти.
Во ГОБ 8 Септември има вкупно 104 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежат 128 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 33 пациенти,“ се вели во соопштението.
Фото: МЗ