еМагазин
Image default
Македонија

Во ковид центрите во Скопје за 24 часа се хоспитализирани 27 пациенти, а вкупно се лекуваaт 398

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализирани 27 нови пациенти поради компликации од коронавирусот, информираат од Министерство за здравство.

Вкупно 398 лица сомнителни и потврдени за Ковид19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.

„Во последното деноноќие, на Интерните и хируршки клиники имало 5 приеми.

Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало 9 примени пациенти и 7 билe примени на Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден.

Во Козле не биле примени болни, a на Клиниката за Детски болести имало два приеми.

На Институтот за физикална медицина исто така немало примени.

Во изминатите 24 часа дома се пуштени 62 оздравени пациенти.

Во моментов во ковид центрите на Интерните и на хируршките клиники се лекуваaт 136 пациенти.

Во ГОБ 8 Септември има вкупно 121 болен, а на Клиниката за инфективни болести лежат 111 пациенти, додека на Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 12 пациенти.

На Клиниката за детски болести има 2 деца позитивни на Ковид-19 вирусот и 2 мајки, а на ГАК има 3 позитивни пациентки.

На Институтот за физикална медицина и  рехабилитација има 11 болни,“ се вели во соопштението.

Бројот на приеми во изминативе денови се намалува и утрово до 8 часот имало 337 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места.

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ковачевски на пресот со Шолц: Не можеме постојано да бидеме заложници на самитите на ЕУ дали ќе има или ќе нема датум за преговори

Редакција

Министерот Лога со писмо ја информира меѓународната заедница за неспроведувањето на пресудите на ЕСЧП од страна на Бугарија

Редакција

Меѓу нив и Митко Чавков: На отпуст од 30 дена пуштени петмина осуденици од затвор, осудени за настаните од 27. април

Редакција