Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализирани 59 нови пациенти поради компликации од коронавирусот, информираат од Министерство за здравство.
Вкупно 473 лица сомнителни и потврдени за Ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.
„Во последното деноноќие, на Интерните и хируршки клиники имало 19 приеми.
Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало 19 примени пациенти и 11 билe примени на Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден.
Во Козле не биле примени болни, а на Клиниката за Детски болести имало 8 приеми.
На Институтот за физикална медицина е примен еден нов пациент.
Во изминатите 24 часа дома се пуштени 83 оздравени пациенти.
Во моментов во ковид центрите на Интерните и на хируршките клиники се лекуваaт 194 пациенти.
Во ГОБ 8 Септември има вкупно 117 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежат 120 пациенти, додека на Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 13 пациенти.
На Клиниката за детски болести има 3 деца позитивни на Ковид-19 вирусот и 3 мајки, а на ГАК има 3 позитивни пациентки.
На Институтот за физикална медицина и рехабилитација има 19 болни,“ се вели во соопштението.
Фото: МЗ