Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализрани 72 нови пациенти поради компликации од коронавирусот, информираат од Министерство за здравство.
Вкупно 692 лица сомнителни и потврдени за Ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.
„Во последното деноноќие, на Интерните и хируршки клиники имало 33 приеми.
Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало 10 примени пациенти и 12 биле примени на Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден.
Во Козле биле примени 3 нови болни.
Не биле примени пациенти на Клиниката за Детски болести.
На Институтот за физикална медицина се примени 2 пациенти.
Во изминатите 24 часа дома се пуштени 72 оздравени пациенти.
Во моментов во ковид центрите на Интерните и на хируршките клиники се лекуваат 306 пациенти.
Во ГОБ 8 Септември има вкупно 104 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежат 155 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 40 пациенти.
На Клиниката за детски болести има 9 деца позитивни на ковид 19 вирусот, а на ГАК има 6 позитивни пациентки.
Во Институтот за физикална медицина и рехабилитација има 35 болни,“ се вели во соопштението.
Фото: МЗ