Според податоците на Државниот завод за статистика, во второто тримесечје од 2018 година во Македонија имало 7.199 слободни работни места. Највисока стапка на слободни работни места има секторот – Објекти за сместување и сервисни дејности со храна 2.59 %, додека најмала е стапката во секторот – Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација, во кој изнесува 0.24 %.
Деловните субјекти со број на вработени од 3 до 9 имаат највисока стапка на слободни работни места, која изнесува 1.93 %. Пелагонискиот регион има највисока стапка на слободни работни места, која изнесува 2.05 %. Најголем број слободни работни места, односно 2.794, има во петтата група занимања – Работници во услужни дејности и продажба.
Со оглед на тоа што во земјава истовремено има околу 200.000 невработени се наметнува прашањето дали е потребна забрзана преквалификација на невработените за пополнување на овие 7.199 слободни работни места.