еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Во Македонија регистрирани нови случаи на подваријанти на омикрон

Во лабораторијата за вирусологија и молекуларна дијагностика при Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), во текот на изминатата недела, е изведен ПЦР тестот базиран на Single Nucleotide polymorphism со користење на Vir SNiP SARS CoV 2 Spike S371L S373P за детекција на SARS CoV-2 кај 92 позитивни примероци на SARS-CoV-2 од болнички и примероци од пунктовите, стои во најновиот извештај на ИЈЗ, кој се однесува за периодот од 7 до 13 март.

“Позитивните примероците се одбрани од тестираните позитивни во период од 07-12.03.2022 година, од следните градови: Скопје, Кавадарци, Тетово, Велес, Свети Николе, Кочани, Прилеп, Кратово и Гевгелија.

Во 32 (34,8%) од испитуваните примероци е докажана BA.1 сублинијата на Омикрон.

Во 58 (63,0%) од испитуваните примероци е докажана BA.2 сублинијата на Омикрон – позната уште и како „stealth““, стои во извештајот на ИЈЗ, кој еМагазин редовно го пренесува.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Намалување за 33,3%: Минатата недела од Ковид-19 починале 34 лица

Намалување од 28,2%: Минатата недела 267 лица по вторпат се заразиле со Ковид-19

Нова мутација на Ковид-19: Се појави делтакрон, кој е комбинација од делта и омикрон

Фото: Кабинет на претседателот

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Џафери: Не може некој да биде пратеник четири години, а потоа да брка по контејнери

Редакција

Петков: Ја славиме годишнината од раѓањето на еден од најсветлите умови, бугарскиот револуционер Делчев

Редакција

Градоначалниците Богоев и Петровска дале изјави во Обвинителство за случајот „Рекет“

Редакција