Податоците на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) за периодот од 24 до 30 јануари, покажуваат дека во Македонија се уште е присутен и делта сојот на Ковид-19.
“Досега во лабораторијата за вирусологија при ИЈЗ се детектирани 255 пациенти позитивни на омикрон варијантата (B1.1.529).
Детектирани се и примероци со делта сојот на SARS-CoV-2“, стои во извештајот на ИЈЗ, кој еМагазин редовно го пренесува.
Според здравствените власти во Македонија веќе извесен период е доминатен омикрон сојот, кој според досегашните светски истражувања придонесува за помал број на хоспитализации и смртен исход, но се пренесува побрзо за разлика од делта сојот.
Делта сојот пак предизвикува поголем број на хоспитализации и случаи со смртен исход, што според дел од домашните експерти е причина за се уште високиот процент на смртност во земјава.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
17 лица во Македонија по третпат заболеле со Ковид-19
Од Ковид-19 починале 13 лица кои заболеле по вторпат
Минатата недела 1.558 лица по вторпат се заразиле со Ковид-19