еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Во Македонија во првите три месеци 3.418 повеќе починати лица од родени

Во првото тримесечје од 2022 година, во земјава се евидентирани 4.009 живородени деца и во споредба со истиот период од претходната година нивниот број е зголемен за 2.9%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Во првиот квартал од годинава умреле 7.427 лица, а од нив 12 се умрени доенчиња, што претставува зголемување од 7.2% во однос истото тримесечје од 2021 година.

Природниот прираст е -3.418, што значи дека за толку лица е помал бројот на живородените деца од бројот на умрените лица.

Во ова тримесечје од годината се склучени 2.468 бракови, и нивниот број е помал за 8.4% во споредба со истиот период од 2021 година.

Во истиот период добиени се 459 извештаи за разведени бракови.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Галерија) На Галичник спиев во кола и ја сонував Галичка свадба

Силвана Жежова

Кој е новиот претседател на Хрватска, Зоран Милановиќ: Боксер, премиер и советник на Еди Рама

Редакција

(Видео) Силни експлозии утринава во Киев: Гранатиран станбен блок, две лица загинаа, има и повредени

Редакција