еМагазин
Image default
Бизнис

Во март издадени над 50% повеќе одобренија за градба од лани

Во март се издадени 338 одобренија за градење што е за 54,3 проценти повеќе од истиот месец лани, објави денеска Државниот завод за статистика.

Предвидената вредност на објектите изнесува 5 милијарди 216 милиони 352 илјади денари, што е за 91,1 отсто повеќе во однос на истиот месец лани.

Најголем дел од издадените одобренија за градење или 214 се за објекти од високоградба, 41 за објекти од нискоградба и 83 се за објекти за реконструкција.

Кај 220 објекти како инвеститори се јавуваат физички лица, а кај 118 објекти како инвеститори се правни лица.

Предвидена е изградба на 488 станови со вкупна корисна површина од 47.831 м2.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Помалку фирми, повеќе граѓани на новата Листа на должници на УЈП

Редакција

Од денеска нова цена на мазутот, цените на бензините остануваат исти

Редакција

Грција стана трет најголем трговски партнер на Македонија

Редакција