По обработени 71,64 отсто од записниците во Централната изборна комисија (ЦИК) на Бугарија, шест партии влегуваат во новиот Парламент.
На прво место е коалицијата ГЕРБ-СДС со 26,33 отсто, или 448.705 гласови, а потоа следи коалицијата „Продолжуваме со промената – Демократска Бугарија“ – 24,89 отсто (424.165). Трета со 14,76 отсто или 251.599 гласови е партијата „Преродба“.
На четврто место е „Движење за права и слободи“ со 12,55 отсто или 213.960 гласови. Петти се „БСП за Бугарија“ со 8,99 отсто. Шестата политичка сила која го помина потребниот праг од 4 отсто од гласовите на гласачите е „Има таков народ“ со 4,32 отсто – 73.561 глас, јави БТА.
Под прагот остануваат „Бугарски подем“ со 3,09 отсто и „Левица!“ со 2,30 отсто.
Опцијата „Не поддржувам никого“ ја избрале 75.289 гласачи.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Во Македонија “победи“ Бојко Борисов, гласаа 453 македонски Бугари
Изборите во Бугарија без јасен победник, проруските сили добиваат поддршка
МИА/Фото: Унсплеш