еМагазин
Image default
Македонија

Во петок продолжува расправата за уставните измени

Собраниската расправа за уставните измени ќе продолжи во петок, рече претседателот на Собранието Талат Џафери по денешната попладневна дискусија во која учествуваа само пратениците од СДСМ.

Пратениците од ВМРО – ДПМНЕ и од коалицијата „За подобра Македонија“ претходно соопштија дека се откажуваат од дебатата, нарекувајќи ја јалова, како и дека ќе гласаат против уставните измени. Воедно ги повикаа пратениците од владејачкото мнозинство да се откажат од настапите и да се пристапи кон гласање по владиниот предлог за измени на Уставот.

Попладнево, во текот на собраниската расправа, пратениците од СДСМ кои беа пријавени за збор, го повторија ставот дека сега е време сите што декларативно се залагаат за НАТО и ЕУ да дадат конкретна поддршка на уставните измени.

– Единствен интерес треба да биде државата. Ако продолжиме да се докажуваме кој е поголем патриот, а кој предавник, исходот ќе биде пораз. Наша обврска е како пратеници да го изодиме патот на Македонија кон стабилност, безбедност и економски просперитет, а тоа е патот преку ЕУ и НАТО. Да бидеме лидери на промените чиј бенефит граѓаните ќе го почувствуваат за кратко време, истакнаа пратениците од СДСМ.

Според нив, замајување на јавноста е дека со Преспанскиот договор се брише името на Македонија и дека придавката „северна“ задира во идентитетот.

– Соочени сме носење мноу важна, тешка, единствена, историска одлука за иднината на Македонија што ќе значи крај, затворање, решавање на доглогодишен апсурден спор со нашиот јужен сосед. Проблемот е реалност, а ние сме дожни како полчитичари да се соочиме со него. Време е да престанеме да фантазираме за победи и порази, за триумфи и катастрофи, време е да преземеме одлучен чекор за иднината на Македонија, беше речено на попладневното продолжение на седницата.

Поддршка за уставните измени даде и Неџбедин Карамани од името на Движењето Беса на Африм Гаши.

Собранието утре, како што рече Џафери, ќе ја продолжи 60. седница.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ се откажуваат од дебата: Ќе гласаат против уставните измени

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Верушевски дојде да сведочи, одбраната бара запирање на постапката за „Таргет – Тврдина“

Редакција

22-годишно момче од Македонија се удави во Црна Гора

Редакција

Во поликлиниката „Јане Сандански“ во Скопје почнува вакцинирањето со „Спутник V“

Редакција