еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

Во се поголем број држави во светот се појавуваат случаи со мајмунски сипаници

Мајмунски сипаници, кои се карактеристични за оддалечените делови на централна и западна Африка, се повеќе се појавуваат во Европа, САД, Австралија, а во Канада се истражуваат 13 сомнителни смртни случаи.

Според Светската здравствена организација, оваа ретка вирусна инфекција се манифестира со треска, осип, и отечени лимфни јазли, а во ретки случаи, може да доведе до бројни медицински компликации.

Повеќето луѓе имаат поблаги симптоми и заздравуваат за неколку недели.

Мајмунските сипаници се пренесуваат преку близок контакт со заразено лице, животно или материјал контаминиран со вирусот и се во групата на малите сипаници.

МИА/Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Вкупно 4.228: Починаа уште 46 лица од Ковид-19, од нив тројца во домашни услови

Редакција

АСОМ: EУ со јасна порака до Владата, „НЕ“ за европското знаменце за законот на игри на среќа

Редакција

Македонија прва земја од регионот која потпиша Договор за безбедносно и одбранбено партнерство со ЕУ

Редакција