еМагазин
Image default
Македонија

Во штипскиот ковид центар починаа двајца пациенти од Кочани и еден од Штип

Во штипскиот ковид центар починаа тројца пациенти, од кои двајца од Кочани на возраст од 55 и 82 години и еден штипјанец на возраст на 78 години.

Портпаролот на Клиничка болница-Штип, Марина Шуманска во дневниот здравствен билтен информира дека во Инфективното се лекуваат 39 пациенти. Но, загрижува тоа што 36 се на кислородна поддршка, а во текот на изминатите 24 часа примиле и шест нови пациенти.

Пациентите кои се лекуваат во овој ковид центар доаѓаат во тешка здравствена состојба, затоа и инфектолозите постојано апелираат на имунизација на населението, но и веднаш да се јават кај матичниот лекар.

Во моментов на Инфективното одделение има 21 слободен кревет, а на Кожното одделение немаат хоспитализирано пациенти со лесна клиничка слика.

МИА/Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нови 1.347 заболени од Ковид-19 од 4.096 тестирања

Редакција

Во Богданци нови два случаи на Ковид-19

Редакција

Предметот „Организаторите за 27 април“ вратен во Кривичен, рочиштето одложено

Редакција