еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Во сите пописи досега од 1948 година се попишуваат и Бугарите во Македонија

Во сите пописи од 1948 наваму имало код за бугарска етничка припадност. Имаме податоци во однос на таа етничка припадност и ќе има и понатаму. Кој како ќе се произнесе е исклучиво негово право и ние не смееме да влијаеме, изјави за МИА, директорот на Државниот завод за статистика, Апостол Симовски.

Симовски нагласи дека досега Државниот завод за статистика немал комуникација со граѓански асоцијации во однос на правата на самоопределување на Бугари, откако денеска шефот на дипломатијата Бујар Османи напиша на Фејсбук дека претставниците на овие здруженија треба да ги контактираат пописните органи и да побараат соодветна графа во рамките на пописот, со цел утврдување на квантитативната, демографската и географска дистрибуција на оваа засебна заедница.

Симовски појаснува дека полето во кое се впишува етничката припадност во формуларите за попис е празно. Во електронската апликација откако ќе се впишат првите три букви на припадноста, се појавува поле за избор на етничка припадност од кодната листа на сите етнички припадности кои досега се регистрирани на сите пописи кај нас.

Тој нагласи дека во пописот, кој официјално ќе почне на 1 април, а ќе трае до 21 април, секој слободно може да се изјасни за својата етничка припадност.

-Полето, каде што треба да се впише етничката припадност е празно за да не му се сугерира на лицето, во однос на неговото изјасување.

Во електронската апликација се откуцуваат првите три букви на таа припадност, се појавува поле за избор на етничка припадност заради кодот, а во таа кодна листа се ставени сите етнички припадности, што сме ги имале досега, а во случај да се пријави етничка припадност што досега не сме ја регистрирале, и таа ќе стане дел од кодната листа, вели Симовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) На пописот има графа „Бугари“: На последниот како Бугари во Македонија се изјасниле 1.417 граѓани

Бугарија многу често почна да се меша во внатрешните работи на Македонија

Кој стои позади културниот центар Иван Михајлов од Битола, кој ја крена Бугарија на нозе

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Се урна авион Цесна кај Солунска Глава, загинати сите четворица патници – бугарски државјани

Редакција

Нови 37 случаи на Ковид-19 од 3.108 тестирања

Редакција

Зеленски смета дека следните 24 часа се клучни: До сега има 352 загинати цивили, вклучително и 14 деца

Редакција