еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Во скопски Бутел нападнат полицаец кој не бил на работа, пукал во воздух за да се одбрани

На 12.03.2023 од слобода се лишени Н.Б. и Е.Б. и задржани во полициска станица затоа што заедно со уште неколку лица на 12.03.2023 околу 01 часот на ул. „Х.Т. Карпош“ во Скопје, во близина на клучка Радишани, физички ги нападнале П.П. (полициски службеник кој не бил на работа), Д.К. и Ф.Г..

Како што соопшти МВР, според пријавеното, Н.Б., Е.Б. и М.С., кои биле со возило „бмв“, како и неколку лица кои биле со возило „цитроен“ му го блокирале патот на возилото „рено“ во кое биле П.П., Д.К. и Ф.Г. и почнале да удираат по возилото и физички ги нападнале. Потоа П.П. испукал неколку пати во воздух од службениот пиштол, по што лицата кои биле со возило „цитроен“ се дале во бегство.

На нападнатите им е пружена лекарска помош во Клинички центар Скопје.

Известен е јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Три лица кои учествувале во нападот на полицаецот во скопски Бутел се во бегство

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Повреден скопјанец на кого пукале додека возел мотоцикл

Редакција

Почина легендарниот дизајнер Роберто Кавали

Редакција

Учениците ќе користат и пролетен распуст од 29 април до 5 мај 2024 година

Редакција