еМагазин
Image default
Балкан ТОП СТОРИИ

Во Србија прогласена тридневна жалост

Министерот за образование на Србија, Бранко Ружиќ на прес-конференција соопшти дека Владата на Србија донела одлука за тридневна жалост на целата територија на Србија, почнувајќи од петок, 5 мај до недела, 7 мај и дека денеска е откажана наставата во попладневната смена, а утре ќе започне со едноминутно молчење.

-Изразувам најдлабоко жалење за најголемата трагедија што ја снајде Србија и нашиот образовен систем. Никој не може да ги врати децата на нивните родители. Безбедносниот прстен постоеше, функционирал видео надзорот, а присутен бил и училишниот полицаец. Благодарност до здравствените работници, го молиме Господ да им помогне на сите, изјави тој.

Министерот истакна дека, за жал, Србија е дел од светот каде се почесто се случуваат вакви работи.

-Евидентно е канцерогеното, погубно влијание на интернетот, видео игрите, таканаречените западни вредности и на сите ни е јасно дека е потребен голем пресврт, заострување на мерките, но и систематско изнаоѓање решенија, рече Ружиќ.

Министерката за здравство Даница Грујичиќ им изрази сочувство на родителите кои денеска ги загубија децата и им се заблагодари на здравствените работници кои излегоа на терен.

-За 40 години работен стаж ова е можеби моето најстрашно искуство како лекар и како човек, изјави Грујичиќ.

Зборувајќи за состојбата на повредените, министерката рече дека шест деца и една наставничка се во здравствените установи во Белград – три деца во Тиршова, четири пациенти во Ургентниот центар.

-Двете момчиња кои се во Тиршова се здобиле со повреди на долните екстремитети, тие се стабилни и надвор од животна опасност, додека девојчето кое се здобило со прострелна рана во главата е критично. Направено е се што можеше да се направи, но повредата е голема и се уште се борат за нејзиниот живот, рече министерката.

Во Ургентниот центар има три деца, девојче со прострелна рана во пределот на стомакот и повреди на раката. Таа е во стабилна состојба.

-Момчето кое се здоби со прострелна рана низ градниот кош и вратот има повреда на рбетот, 5-ти и 6-ти вратен пршлен и е најтешко повреден. Операцијата се уште е во тек, ќе мора да има повеќе интервенции, нешто сега , нешто подоцна, рече министерката.

Наставничката е во критична состојба. Таа има повреди на карлицата и раката и се уште е на операција.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Детали од српско МВР: Ученикот подолго време го планирал нападот, имал список на деца за убивање

Пукаше по случаен избор, легнав врз мртви другарчиња за да помисли дека сум мртва: Страотни сведоштва за најцрниот ден во Србија

Од утре прекин на работата во училиштата во Србија

МИА/Фото: Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Русија регистрираше спреј против Ковид-19: Пациентите оздравуваат за само осум дена

Редакција

Личност на годината на еМагазин: Македон Димитровски

Редакција

(Фото) Македонија отвори почесен конзулат во Едрене, за конзул именуван Есер Џевахир

Редакција