еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Во среда комисиска расправа за улогата на Агенцијата за национална безбедност за доделувањето македонско државјанство на Онишченко

Собраниската Комисија за надзор над работата на Агенцијата за национална безбедност (АНБ) и на Агенцијата за разузнавање во среда ќе одржи седница за улогата на Агенцијата за национална безбедност во безбедносната проверка на лицето Александр Онишченко при давањето на позитивно мислење за добивање македонско државјанство.

Претседателот на Комисијата, Љупчо Пренџов денеска изјави дека директорот на АНБ, Виктор Димовски ќе треба да објасни како службеници на АНБ го пропуштиле низ безбедносниот филтер, Онишченко кој е обвинет за корупциски зделки во Украина и ставен на црната американска листа.

-Тој е најповикан да одговори. Лично сум многу загрижен во врска со издавањето на македонски државјанства и на македонски пасоши веќе имам чувство дека секој втор криминалец има во џебот македонски пасош и според мене сметам дека тоа е сериозен предизвик и аномалија во безбедносниот сектор во државата, рече Пренџов.

Украинскиот државјанин Онишченко станал македонски државјанин како спортист во еквистријан по предлог на Коњичката федерација.

Одлука за доделување македонско државјанство за него донела Владата по добиено позитивно мислење од сите надлежни институции.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ковачевски очекува извештај за процедурите за државјанството на Онишченко

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Димовски: Секое правно лудило завршува вака, секогаш кога Собранието носи неуставни закони вклучително и јас

Редакција

Нова трагедија во Србија: 21-годишник уби осум лица, 15 се ранети 

Редакција

До понеделник дожд и ветер, локално и во форма на невреме

Редакција