еМагазин
Image default
Балкан ТОП СТОРИИ

Во српски праски откриено високо ниво на пестицидот хлорпирфос

Пратка со српски праски е вратена од хрватска граница во Србија откако е утврдено високо ниво на пестицидот хлорпирфос, објави Европската комисија.

Опасната пратка ја пријави Хрватска, но не се наведени детали за конкретната опасност, само е посочено дека товарот од Србија е потенцијално ризичен.

На 7. јули Словенија вратила праски во Србија поради присуство на пестицидот хлорпирифос.

Претставниците на земјите членки на Комитетот за растенија, животни, храна и сточна храна гласаа за забрана на хлорпирифос и хлорпирифос-метил на пазарот на ЕУ. Имено, врз основа на заклучоците на Европската агенција за безбедност на храната (ЕФСА), според кои активните супстанции може да се поврзани со генетско и неврооштетување кај неродените деца и не ги исполнуваат безбедносните критериуми за здравјето на луѓето, Европската комисија презентираше нацрт регулатива со која се предлага забрана за контроверзните хлорпирифос и хлорпирифос-метил.

Тоа се два инсектициди кои спаѓаат во категоријата пестициди познати како органофосфати, а чија примена е широко распространета во земјите членки на ЕУ.

Според Американскиот центар за контрола и превенција на болести, по контакт со хлорпирифос луѓето можат да доживеат различни ефекти врз нервниот систем, како што се главоболки, заматен вид, зголемена лачење на плунка, напади, а во екстремни случаи, во зависност од количината и должината на изложеноста, може да доведе и до смрт.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Цела листа: Како гласаа пратениците за пратеничкиот мандат на Груевски

Редакција

(Фото) „Бајки од Македонија за цела година“ – нови волшебни приказни за љубителите на имагинарниот свет

Редакција

(Видео) Македонскиот модел Сара Стои, на модна ревија за дизајнерката Лаура Бјаџоти

Редакција