Според податоците на Институтот за јавно здравје за состојбата со Ковид-19 во земјава заклучно со 20.09.2020 година, пријавени се вкупно 16.779 заразени.
Според место на постојано живеење/ повремен престој, случаи на Ковид-19 се регистрирани во 35 градови низ државата.
Најголем дел регистрирани во Скопје, Куманово, Тетово и Штип, додека највисок морталитет се регистрира во Струга, Штип, Дебар, Куманово, Македонски Брод, Тетово, Скопје и Гостивар.
Од градовите каде што е регистриран поголем број на случаи највисок леталитет се регистрира во Струга.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Нови 183 случаи со Ковид-19 од 1.769 тестирања: Најмногу во Скопје, Прилеп, Тетово
Детален преглед по градови: За една недела пораст од 34,9% на новозаболени од Ковид-19
Детален преглед на состојбата со Ковид-19 по болниците
Фото: Општина Струга