еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Oсумчлено семејство од Македонија се евакуира од Судан

Mинистерството за надворешни работи соопшти дека по добиената информација за осумчлено семејство, македонски државјани, кое се наоѓа во загрозените подрачја на Судан, преку нашата Амбасада во Каиро веднаш стапило во контакт и добило потврда дека сите осумина се во добра здравствена состојба.

– Министерството преку дипломатската мрежа во регионот е во постојана комуникација со колегите од пријателските земји, чии амбасади се сѐ уште активни на територијата на Судан.

Информираме дека во тек се активности за да се обезбеди нивна скора евакуација, и трансфер на безбедна локација од каде подоцна би се обезбедил трансфер кон земјава, се наведува во соопштението од МНР.

Воедно, од МНР информираат дека четирите наши државјани кои претходно го напуштија Судан кон Саудиска Арабија се на безбедна локација, во добра здравствена состојба и наскоро ќе бидат вратени во земјава.

Од Министерството при тоа повтормно апелираат доколку има наши државјани кои се наоѓаат на територијата на Судан да ја контактираат Амбасадата на Македонија во Каиро (на телефон +201033615542 и е-мејл [email protected], Амбасадата на Македонија во Абу Даби (на следниот телефонски број +971 56 441 7532 и е-мејл адреса [email protected], како и МНР на СОС телефонот + 389 75 273 732 и е-мејл [email protected].

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Почина жената која беше претепана од неготинецот со кој била во вонбрачна заедница

Редакција

Вистинскиот проблем е одбивањето да се занимаваме со суштински теми, велат од бугарскиот тим на заедничката Комисија со Бугарија

Редакција

Кој е Александар Георгиевски, новиот градоначалник на Илинден

Редакција