еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Во тек е трансплантација на бубрег од 28-годишен починат донор, експлантирани се коскени ткива

Утрово во осум часот на Клиниката за урологија по раководство на Сашо Дохчев, започна трансплантацијата на бубрег, откако доцна ноќеска беше направена експлатацијата од починат донор, информираат од Министерството за здравство.

Тимовите на Сотир Ставридис и Александар Трајановски после полноќ завршија со експлантација на бубег и коскени ткива од 28 годишнен починат донор, чие семејство несебично се согласи да ги донира органите.

„Благодарение на нивната хуманост, утрово еден бубрег се трансплантира кај 22 годишно момче. Коскените ткива ќе бидат обработени и спремни за трансплантација во наредните денови.

Инаку се работи за донор со исклучително ретка крвна група за која има мал број на приматели на органи на Националната листа за трансплантација и за овие пациенти ова е единствена шанса за живот.

Голема благодарност до медицинските тимови кои учествуваа во експлантацијата и до семејството на донорот кои ни покажаа што значи хуманост,“ се вели во соопштението.

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Времето денеска сончево со мала до умерена облачност, температурата до 17 степени

Редакција

Кои се најголемите должници на Листата на УЈП во август

Редакција

(Фото) Македонија гласаше „ЗА“: Русија исфрлена од Советот за човекови права на ОН

Редакција