еМагазин
Image default
Бизнис

Во третиот квартал со воз превезени 68.000 патници, 199.184 со авион

Во третиот квартал годинава во патниот патнички превоз, бројот на превезени патници изнесува 638.000, во градско-приградскиот превоз 9.186.000, во железничкиот 68.000, а во воздухопловниот превоз 199.184, објави денеска Државниот завод за статистика.

Бројот на патници со воз во третиот квартал годинава споредено со истиот квартал лани е намален за 44,2 отсто, додека намалувањето кај патниците со авион изнесува 77,4 отсто.

Во споредба со третиот квартал лани, во третото тримесечие годинава количеството на превезената стока во товарниот патен превоз е намалено за 26,8 проценти, во железничкиот превоз е зголемено за 4,4 проценти, додека во воздухопловниот превоз е намаленo за 40,1 процент.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ѓорѓи Качурков, претседател на Одборот на директори купи 47.800 акции во РЖ Услуги

Редакција

Берзанските цени на гасот паѓаат, ЕСМ купува за фиксна и повисока цена

Редакција

Намалување на персоналниот данок во ИТ-секторот од сегашни 10 на 0 проценти до 2023 година, најавуваат од Влада

Редакција