еМагазин
Балкан ТОП СТОРИИ

Во Турција од 1 јануари ќе се наплаќа туристичка такса за сместување во хотели, мотели, пансиони…

Во Турција од 1 јануари се воведува туристичка такса односно ќе се наплаќа два отсто за сместување во хотели, туристички села, мотели, пансиони, како и туристички тури од туристички агенции.

Туристичка такса нема да плаќаат претставниците на дипломатските претставништва и меѓународните организации кои имаат дипломатски статус.

Одлуката за туристичката такса е донесена во 2019 година, но примената на одлуката беше одложена поради пандемијата со коронавирусот.

Претставниците на туристичката индустрија во Турција претходно се изјаснија против воведувањето на таксата со образложение дека тоа ќе ја ослаби конкурентската позиција на земјата, која, за разлика од многу други земји, претходно не наплатуваше туристичка такса.

МИА/Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Пендаровски ќе ја преставува Македонија на Светскиот економски форум во Давос

Редакција

Убава вест: 174 оздравени од Ковид-19

Редакција

Каков имот пријавил пратеникот Александар Николоски

Редакција