еМагазин
Image default
Балкан ТОП СТОРИИ

Во Украина 300 Срби се борат против 200 Хрвати, пишува „Слободна Далмација“

На украинскиот фронт околу 300 Срби, кои се борат од страната на Русија, војуваат против 200 Хрвати, кои се на страната на Украина, пишува денеска весникот „Слободна Далмација“.

Сплитскиот весник посочува дека на Србите им е забрането учество во странски војски, а според украинската Амбасада во Белград од 2019 година досега на страната на Русија се бореле околу 300 луѓе од Србија.

Дојче веле, повикувајќи се на податоците на српските власти, наведе дека досега се изречени над 30 пресуди поради учество во странска војска. Евгениј Пригошин, основач на платеничката проруска група Вагнер, а за која постојат гласини дека регрутира платеници меѓу другото и од Србија, ги демантира ваквите наводи.

Истото го направи и српскиот претседател Александар Вучиќ, кој јавно го осуди огласот за регрутација на српскиот сајт на државниот медиум Раша Тудеј, а српските антиреволуционерни активисти поднесоа кривични пријави против група српски државни служебици кои ги обвинуваат дека не ги спречиле доброволците да одат во Украина, пишува Слободна Далмација.

Но, во написот се посочува и дека во Украина, главно на страната на домаќинот, се бори и одреден број Хрвати. Неофицијално, според Слободна Далмација, има меѓу 70 до 80 украински борци со хрватско државјанство.

Според податоците на Русите, од 24 февруари 2022 година, околу 200 Хрвати заминале во Украина, а повеќето од нив се приклучиле на Азовскиот полк, кој западните медиуми со години го нарекуваат „неонацистички“, пишува сплитскиот весник.

МИА/Фото: Руско министерство за одбрана

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Џабе се више сите напади врз ДУИ, одговорни се спасителите на ДУИ„: Твитер за имунитетот на Вељаноски

Редакција

СЗО: Потребна е вакцинација на 60-70% од популацијата за се спречи Ковид-19

Редакција

Тестирање на границите нема да има, мерките за излез од Македонија биле за да не сме извозник на вирусот, велат од Владата

Редакција