еМагазин
Image default
Свет

Во Украина покрената истрага за мешање во изборите во САД

Истрага е покрената во Украина во врска со обидите за мешање во американските претседателски избори, соопшти денеска Кабинетот на претседателот на Украина, Володимир Зеленски.

Шефот на Кабинетот на претседателот, Андриј Јермак, рече дека Украина ќе стори се што е во нејзина моќ да ги изведе пред лицето на правдата силите во и надвор од земјата кои се обидоа да ги нарушат односите со САД.

„Државното биро за истраги отвори кривична постапка“, изјави тој за украинскиот медиум НВ.

Тој додаде дека истрагата е во тек и дека треба да се одговори на бројни прашања.

САД во јануари воведоа санкции против повеќе физички лица и субјекти во Украина, обвинувајќи ги за мешање во изборите во САД и соработка со проруски украински пратеник кој учествувал во напорите на соработниците на тогашниот претседател Доналд Трамп за откривање на наводни незаконски дејствија од Џо Бајден и неговиот син во Украина.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Голем број Американци, Германци и Французи не сакаат да се вакцинираат против Ковид-19

Редакција

(Видео)„Жолтите елеци“ се обидуваат да влезaт во зградата на Европскиот парламент во Брисел

Редакција

Истражување: Постарите се поизложени на повторна зараза со Ковид-19

Редакција