Во велешката Општа болница со Ковид-19 вкупно хоспитализирани се 65 пациенти, од кои 11 се сместени на Oдделението за физикална медицина. Од нив пет се сомнителни, а останатите потврдени позитивни. Тројца пациенти се испишани со еден негативен тест како оздравени, a 20 пациенти се на кислородна поддршка, информира д-р Весна Неделковска Николова од велешката Општа болница.
На Интерното одделение во велешката Општа болница има двајца пациенти сомнителни на Ковид-19.
Вчера попладне и утрово во велешката болница од Ковид починаа двајца пациенти. Вчера попладне починала една 68-годишна жена од село Виничани, која била примена претходниот ден во тешка состојба со ниска сатурација.
Утринава починал и маж од Велес исто на 68 години примен пред три дена со нагло влошена состојба.
„Инаку во текот на вчерашниот ден во велешка болница била примена и итно транспортирана до клиниката „Жан Митрев“ во Скопје жена на 62 години потврдена позитивна со отежнато дишење и ниска сатурација“ ,информира д-р Неделковска Николова.
МИА