„Мерцедесот“ на претседателот на Стопанска комора за енергетика, Ѓорѓи Манасков се запалил синоќа во возење на обиколницата во близина на клучката „Мирковци“ и изгорел за неполни три минути, потврдија од Министерството за внатрешни работи (МВР).
-На 21.12.2021 во 21.14 часот во СВР Скопје било пријавено дека на обиколница, во близина на клучка „Мирковци“, настанал пожар во патничко возило во движење „мерцедес“, со скопски регистарски ознаки, сопственост на Ѓ.М.(48) од Скопје, велат од МВР.
Пожарот бил локализиран од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје, а во несреќата нема повредени лица нема.
МВР информира и дека веќе е извршен увид.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кој е бизнисменот Мансаков, еден од кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ за претседател на државата
Фото: Телма