еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

Во земјотресите во Турција се уништени или многу оштетени повеќе од 214.000 згради

Претседателот на Република Турција, Реџеп Тајип Ердоган изјави дека во минатомесечните разорни земјотреси, што го погодија јужниот дел на земјата, повеќе од 214.000 згради се уништени или во голема мера оштетени, пренесува Анадолија.

-Во моментов е утврдено дека имаме 608.000 независни секции во 214.000 згради кои се урнати или се тешко оштетени и сите ќе бидат отстранети, рече Ердоган на состанокот во Истанбул со високи турски претставници, вклучително и потпретседателот Фуат Октај, претседателот на парламентот Мустафа Шентоп, директорот за комуникации Фахретин Алтун и министри во Владата.

Ердоган, исто така, рече дека точниот број на згради и куќи што ќе бидат обновени во регионите погодени од земјотресот ќе се знае откако ќе се заврши проценката на штетите.

Тој истакна дека новите згради нема да бидат повеќе од три-четири ката и претежно ќе имаат трисобни станови.

-Нашата цел е да ги оживееме нашите градови, на начин што ќе ги одржува живи нашите историски и културни добра, но исто така, ќе ги зајакне против катастрофи, рече Ердоган, додавајќи дека населбите ќе бидат преместени од рамни басени на ридско и поцврсто тло.

Повеќе од 45.000 луѓе загинаа како резултат на земјотресите што на 6 февруари ги погоди јужните региони на Турција. Станува збор за два земјотреси со јачина од 7,7 и 7,6 степени со епицентар во провинцијата Кахраманмарас, а во деновите потоа беа регистрирани околу 12.000 последователни потреси.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Светска банка: Штетите од земјотресите во Турција надминуваат 34 милијарди долари

МИА/Фото: Твитер

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ќе има ли кратење на платите во јавниот сектор: Што предвидуваат владините мерки за штедење?

Редакција

„Виз ер“ ги повикува патниците да пристигнат на аеродромот најмалку два часа пред поаѓањето за да ги проверат сите потребни Ковид-19 документи за патување

Редакција

Драматичен раст: Бројот на починати од коронавирусот во Кина порасна на 170, над 7.700 заразени

Редакција